Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Ренова му го нанесе првиот пораз на Вардар

Ренова му го нанесе првиот пораз на Вардар

73693d370e2f8b47c7bf976beda24fff4e-w=1920-h=1280

  Фото:фквардар.мк

Во рамките на шеснаесетото коло во ПМФЛ во Тетово Ренова го пречека лидерот Вардар.
Како по традиција вардарци кога и да гостуваат во Тетово играат многу тешко и променливо против сино – белите,па така и на овој натпревар беше истото.
Натпреварот наликуваше како момците на Андреев да играат колку да заврши мечот,без амбиции.
Ренова напаѓаше,создаде многу шанси,па така првиот гол падна во 31 минута,Емини го матираше Павловиќ за 1:0
По првиот дел резултатот гласеше 1:0

Во вториот дел не се случуваше ништо значајно,Вардар играше слабо,а Ренова напаѓаше но без посериозни шанси.
Во 71 минута Meмеди зголемува на 2:0
Во 76 минута Емини со својот втор гол денеска ги поставува конечните 3:0
Чудна средба за играчите на ФК Вардар.

Leave a Reply