Денес во спортскиот ракометен центар Кале, продолжија натпреварите од третото, четврто и петто коло, во женскиот дел на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов, кај генерацијата родени 2006/07 година. Познат е и победникот во женскиот дел, а тоа е тимот на РК Кале од Кичево.
Екипата на Кале од Кичево успеа минимално да слави во дуелот со екипата на Кисела Вода, со резултат од 5:6. Кисела Вода подобро го започна мечот кога имаше водство од 3:1, а до крајот на првите 12 минути, сепак гледаме на семафорот нерешен резултат 3:3. Во вториот дел еден гол повеќе постигна екипата на Кале, за на крај да слави победа со резултат од 5:6.
Четвртото коло го отворија екипите на Будимир и Ѓорче Петров, дуел кој им припадна на Ѓорче со резултат од 1:10. По првото полувреме екипата на Будимир не успеа да постигне гол и на пауза се замина со резултат од 0:7.
Кале од Кичево успеа да забележи нова победа, откако беше подобра од екипата на Гостивар. Добро го започнаа мечот со водство од 0:3, за до крајот на првиот дел и двете екипи да постигнат по еден гол, за резултат од 1:4 на полувреме. Победникот беше познат кога, Кале направи серија од 0:3 и поведе со 1:7. Немаше неизвесност до крајот, па Кале триумфира со резултат 3:10.
Екипата на Ѓорче Петров ја забележа и втората победа, откако беше подобра од екипата на Кисела Вода. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 3:8.По првото полувреме резултатот беше 1:3, откако екипата на Ѓорче ги постигна првите три гола, а Кисела Вода го постигна првиот и последен гол по првиот дел.
Во второто полувреме по еден гол на двете страни, за екипата на Ѓорче да направи серија од 0:4 и да зголеми на 2:8. На крајот конечниот резултат гласеше 3:8.
Гостивар го доби дуелот со екипата Будимир, минимално со резултат од 9:10. Откако во најголем дел од натпреварот резултатот беше израмнет, во последните минути со два гола во серија, Будимир е екипата која на одмор заминува со предност од 6:4. Во најголем дел од второто полувреме, екипата на Будимир имаше водство (7:5, 8:7 и 9:8), но Гостивар се погрижи за пресврт и мечот го заврши со победа од 9:10.
Првото место во женскиот дел кај оваа генерација е за екипата на РК Кале од Кичево, второто за Ѓорче Петров, додека третото место и припадна на екипата на Кисела Вода. Заслужено освоен турнир за РК Кале кој имаше пет победи од исто толку одиграни натпревари на турнирот, на кој се натпреваруваа вкупно шест екипи.