Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Почна новата сезона во Лигата на Шампионките,Вардарки поразени во Подгорица.

Почна новата сезона во Лигата на Шампионките,Вардарки поразени во Подгорица.

Избраничките на Индира Кастратовиќ по сензационалното трето место,и фајнал фор во Будимпешта од минатата сезона,влегоа со голем респект од противникот на овој дуел кој се играше во преполната сала во Морача.Со оглед на фактот кој е Будуќност во женскиот ракомет во последните сезони,влегоа како фаворит на оваа средба против нашиот шампион.Со оглед на фактот дека девојките на Инди немаа многу можност за квалитетни контроли и билдање на формата пред почетокот на л.ш (со оглед на фактот дека оваа година нема да настапуваат во Регионалната  лига).

IMG_0927-215x200

Натпреварот започна со доминација на вицешампионот од минатата сезона,нашите девојки се мачеа во нападот,а имаа проблеми во одбраната.Уште на стартот од средбата по воведните петнаесетина минути се забележуваше дека девојките не се воиграни сеуште,па така на полувреме се замина со солидна предност на домаќинките.Во вториот дел Вардарки почнаа да играат по добро,како во нападот така и во одбраната,но преголемата разлика од првиот дел си го направи своето па по низа од 3 гола во серија на нашиот првак,Будуќност држеше континуитет на натпреварот со гол за гол,по која имаше солидни три до четири голови предност.Како се ближеше крајот така неизвесност немаше,па така натпреварот заврши со рутински 23:17 за Будуќност.На оваа средна најефикасни во нашиот табор беа Пенезиќ со (5) и Лекиќ со (4) гола.

19.10.2014

Leave a Reply