Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Одредени термините на одигрување на натпреварите на “Вардар турнирот“
Одредени термините на одигрување на натпреварите на “Вардар турнирот“

Одредени термините на одигрување на натпреварите на “Вардар турнирот“

Македонскиот ракометен шампион, екипата на Вардар во периодот од 24-27 август ќе биде домаќин на турнир, на кој ќе учествуваат шест екипи. Промени има и во составот на учесниците кои ќе настапат на овој турнир. Наместо првично најавените Целје Пивоварна Лашко и решрезентацијата на Саудиска Арабија, на нивно место доаѓаат екипите на Нексе (Хрватска) и Краснодар (Русија).

Веќе се одредени и групите и распоредот на одигрување на натпреварите. Вардарци ќе играат во групата“А“ заедно со екипите на Чеховски Медведи(Русија) и Нексе. Групата “Б“ ја сочинуваат Металург, Краснодар и противникот на Вардар во ЛШ, Кристијанштад од Шведска. Натпреварите ќе се играат во С.Ц. Јане Сандански.

Првите пласирани од двете групи ќе играат во финалниот натпревар. Вака ќе изгледа распоредот на одигрување на мечевите во двете групи:

24 август Вардар – Нексе (20:00) ;Металург – Кристијанштад (18:00)
25 август Вардар – Чеховски (20:00); Металург – Краснодар (18:00)
26 август Нексе – Чеховски (20:00) Кристијанштад – Краснодар (18:00)

27 август финале (20:00), за трето место (18:00), за петто место (16:00)