Идниот викенд се враќаат возбудувањата во ракометната Лига на шампиони. Идниот викенд Вардар гостува во Шпанија на дерби пресметка против тимот на Барселона. Овој натпревар ќе реши многу работи во нашата група, ако победи Вардар тогаш ќе биде многу поблиску до првото место кое носи директен пласман во 1/4 финалето.
Тренерот на Барса, Пасквал изјави дека иако имале доста повредени играчи, ќе се обидат да стигнат до победа против Вардар.
“Повредите секогаш се дел од спортот, и затоа ние нема да плачеме. Имам доверба во оваа екипа, иако еден недостастува тука е друг да го замени, затоа и се дел од нашиот тим”, изјави Пасквал.