Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Радичевиќ: Салата во „Јане Сандански” ќе остане неосвоива тврдина за сите, сакам да ја задржиме добрата атмосфера
Радичевиќ: Салата во „Јане Сандански” ќе остане неосвоива тврдина за сите, сакам да ја задржиме добрата атмосфера

Радичевиќ: Салата во „Јане Сандански” ќе остане неосвоива тврдина за сите, сакам да ја задржиме добрата атмосфера

На денешната прес – конференција на Вардар, присуствуваа Јованка Радичевиќ и Ирина Дибирова. Пред медиумите Радичевиќ истакна дека салата „Јане Сандански” ќе остане неосвоива тврдина за сите сезонава.

„Будуќност сезонава нема победа на гостински терен. Салата во „Јане Сандански” ќе остане неосвоива тврдина за сите. Сакам да ја задржиме добрата атмосфера. Очекувам да одиграат грубо и агресивно на денешниот дуел. Сепак, се навикнавме на таква игра од Будуќност. Игравме против овој тим во Регионалната лига, но последниот меч не е мерило за квалитетот. На тој дуел ниту ние ниту Будуќност не беше комплетен, па затоа ова ќе биде сосема поинаков дуел. Воедно би сакала да одиграме натпревар пред полни трибини и да се чувствуваме исто како што беше случај во Германија против Битигхајм каде имавме огромна поддршка и каде се чувствувавме како дома, вели Јованка Радичевиќ.

Тренерот на Вардар пак, Ирина Дибирова изјави:

„Ни претстои дуел против познат ривал. Будуќност е екипа која што е далеку помлада од претходните години. Сигурно нема да биде лесно. Се работи за тим во кој настапуваат ракометарки кои имаат одлични бекови со шут од далечина. Покрај тоа ова е тим во кој има и одлични голмани. Будуќност секогаш игра агресивна одбрана, но ние сме подготвени на сето ова. Едноставно мораме во текот на сите 60 минути да одиграме концентрирано и да бидеме на нивото од претходните дуели за да стигнеме до нови бодови, вели Ирина Дибирова, тренерот на Вардар.