Aсистентка на Аџиќ, легендарната Бојана Поповиќ потенцира дека нашиот Вардар секогаш игра многу мотивирано на дуелите против црногорскиот шампион, Будуќност. Таа пред утрешната средба во рамки на ЕХФ Лигата на шампионите меѓу Вардар и Будуќност во “Јане Сандански“ го искажа своето мислење за ова балканско и европско женско ракометно дерби.
Ние сме секогаш посебна инспирација за Вардар, тие секогаш играат со некој специјален мотив против нас. Кај некои ракометарки од Вардар кај кои ретко се гледаат емоции на терен, Будуќност секогаш ги предизвикуваат да го покажат сето тоа. Убаво е затоа што иритираме и го имаме тоа што е неопходно кај Вардар да предизвикаме реакција. Со ракометарките работиме на тоа да разберат дека мора да играат исто и дома и на гости. Малку под притисок се на гости, што е работа на неискуство. Но, имаме квалитет кој ни дава надеж дека можеме до позитивен резултат на дуелот.