Генерацијата на ФК Вардар родени “2008“ година го освоија второто место на силниот меѓународен турнир “Пирин Куп“, кој изминтиве четири дена се играше во градот Сандански (Бугарија). Нашите млади надежи утрово во големото финале беа поразени од екипата на Левски од Софија, која сигурно важи за една од најдобрите, ако не и најдобра младиска школа во Бугарија. Тие успеаа да бидат подобри од Вардар и да го совладаат со резултат од 2:0.
Двата голови беа постигнати во првото полувреме, што на крајот се покажа и као конечен резултат. Имаше Вардар свои периоди на добра игра и неколку шанси, кои не успеаа да ги искористат. Противникот се покажа како подобар, поконцентриран и посвеж во ова големо финале.
Ова е голем успех за генерацијата “2008“ која успеа да освои второ место во силна конкуренција на 17 екипи. Одигравме вкупно шест натпревари и имавме вкупно пет победи и само еден пораз, кој дојде во незгоден момент и тоа во големото финале. На турнирот ги совладавме екипите на ЦСКА Софија (5:1), Витоша Софија (10:1), Хасково ( 4:0), Локомотив Софија (3:2) по изведување на удари од белата точка и Бубамара од Загреб (1:0) и пораз во финалето од Левски Софија (0:2).