Фудбалската федерација на Македонија ги делегираше судиите за овој викенд во првата македонска фудбалска лига. Фудбалскиот клуб Вардар во ова 20.коло од најсилната фудбалска македонска конкуренција ќе биде домаќин на екипата на ФК Победа од Прилеп.
Фудбалската федерација за главен судија го делегираше Петар Мантев од Неготино. Дуелот се игра во недела, 18.фебруари со почеток во 14-00 на стадионот во Ѓорче Петров.