Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Пет ракометарки на Вардар, дел од јуниорската репрезентација, на подготовките за квалификациите, за пласман на СП
Пет ракометарки на Вардар, дел од јуниорската репрезентација, на подготовките за квалификациите, за пласман на СП

Пет ракометарки на Вардар, дел од јуниорската репрезентација, на подготовките за квалификациите, за пласман на СП

Женската јуниорска ракометна репрезентација во недела го има првиот собир, како старт на подготовките за квалификациите, за пласман на Светското првенство, кое оваа година ќе се одигра во Унгарија. Селекторот на оваа селекција, Јулијана Дамчева го објави списокот на ракометарки, на кои ќе смета за овие подготовки, а не него се најдоа и пет играчи од ракометниот клуб Вардар.

Се работи за голманките Јована Мицевска која е дел од првиот и Слободанка Кицеска која настапува за вториот тим на Вардар. Тука се уште и бековите, Леонида Гичевска која е регистирана за настап во првиот тим, а инаку оваа сезона е дел од Вардар Јуниор, како и Милица Николиќ која исто така настапува под водство на Симе Симовски, а имаше неколку настапи и за првиот тим на натпреварите од супер лигата. Десното крило на Вардар Јуниор, Ивона Трпевска е последната ракометарка која доаѓа од Вардар. а ќе биде дел од јуниорската селекција.

Македонија има тешка квалификациска група, во која се уште и репрезентациите на Германија, Исланд и Литванија.