Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Избраниците на Ане Андовски го добија решавачкиот натпревар и се пласираа во полуфиналето на “Пирин Куп“
Избраниците на Ане Андовски го добија решавачкиот натпревар и се пласираа во полуфиналето на “Пирин Куп“

Избраниците на Ане Андовски го добија решавачкиот натпревар и се пласираа во полуфиналето на “Пирин Куп“

Генерацијата на ФК Вардар родени “2005“ година успеаа да го добија одлучувачкиот натпревар, во рамките на третото коло од групата Б и да се пласираат во полуфиналето на турнирот “Пирин Куп“.

Иако нашите млади надежи имаа негатива од 0:1, до крајот на натпреварот успеаа да направат целосен резултатски пресврт и да слават победа со резултат од 3:1 против екипата на Витоша од Софија. Креатор на пресвртот во второто полувреме беше Матеј Гаштаров, кој успеа со два гола да му донесе водство на Вардар од 2:1. Печат на победата стави, Филип Јовановски кој се запиша во листата на стрелци и ги постави конечните 3:1 на овој натпревар кој се игра во времетраење од по 60 минути.

На првиот ден на турнирот, младите вардарци предводени од Ане Андовски остварија една победа, против екипата на Черноморец (2:0) и загубија од Метал Перник (1:0). Сепак со денешниот триумф, Вардар успеа да го обебеди првото место во групата и да се пласира во полуфиналето, кое на програмата е во текот на утрешниот ден.