Tимот на Пик Сегед ќе пристигне денеска во нашиот главен град ослабен, еден од подобрите играчи на овој тим, Жолт Балог нема да може да му биде на располагање на својот тренер Хуан Карлос Пастор за натпреварот против Вардар поради повреда.
Дека се работи за голем хендикеп покажува и податокот дека овој 28-годишен играч оваа сезона има до овој момент постигнато дури 52. погодоци во Лигата на шампионите што го прави најдобар стрелец во својот тим.
На дуелот во Унгарија оваа сезона, Балог ни даде два гола.