Вечерва, РК Вардар не разочара и ја оствари планираната победа над Пик Сегед, во еден тежок дуел триумфиравме со 34-30. По оваа важна победа за врвот на табелата во групата-А кој носи дирекно во 1/4-финалето. По победата на прес-конференција Тимур Дибиров и тренерот Раул Гонзалес го искажаа своето мислење за овој дуел.
Гонзалес: Имавме тешка средба. Секогаш кога игравме против ПИК Сегед играме тежок дуел бидејќи противникот е одлично подготвен. Знаевме што не очекува, во првите 15 минути не се чувствувавме добро и ни беше потребно време за да влеземе во дуелот. Имавме предност од пет гола, но знаевме дека против ривал како Сегед тоа не е доволно бидејќи треба да се игра до крај. Игравме и под притисок бидејќи овој дуел многу ни решаваше во однос на првото место. Јас сум задоволен сум од моите момци и можам да им честитам за прикажаното. Оваа победа е многу важна за нас и можеме да бидеме задоволни бидејќи сме на врвот. Можеби не играме како порано, но можеме да бидеме задоволни од победата.
Дибиров: Тие играат многу добар ракомет и не се на позицијата на која заслужуваат да бидат. Среќни сме за победата бидејќи надигравме добар тим каков што е ПИК Сегед. Се уште ја бараме играта од првата полусезона, но тоа се враќа со тренинзите. Верувам дека ќе успееме навреме да се вратиме во тој ритам, нема потреба од загриженост. ПИК Сегед е тим кој може секого да победи, така што ова беше успешен тест за нас. Понатаму очекувам да играме добро и квалитетно.