Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Фелипе го спаси Вардар со мајсторија, реми на првиот дуел од Купот против Шкендија
Фелипе го спаси Вардар со мајсторија, реми на првиот дуел од Купот против Шкендија

Фелипе го спаси Вардар со мајсторија, реми на првиот дуел од Купот против Шкендија

Денес на арената “Филип Втори“ се одигра првиот четвртфинален меч од купот на Македонија, помеѓу екипите на Вардар и Шкендија. Вардарци одиграа реми 1-1, и во реваншот патуваат без предност. Фелипе погоди за 1-1 во 79.минута по водството на Шкендија која прва поведе со 0-1.

Тренерот Јаневски стартуваше со следниве 11-сетмина: Гачевски, Глишиќ, Новак, Грнчаров, Тошевски, Битанг, Глигоров, Блажевски, Фелипе,Попзлатанов, Барсегјан,

Во првото полувреме, Вардар имаше поголем посед на топка, но Шкендија можеби беше поконкретна во своите обиди да го отвори резултатот. Прв кој се обиде беше Ибраими, кој во 11 минута шутираше, но ударот беше изблокиран, па нашиот голман Гачевски немаше многу проблеми да ја прибере топката во своите раце. По само две минути, нова акција за гостинската екипа од Тетово, овој пат, Хасани додава до Бејтулаи, но неговиот обид е изблокиран од Глишиќ. Следен кој се обиде беше капитенот на Шкендија, Хасани кој бие од слободен удар, но само во рацете на добро поставениот голман на Вардар. Екипата на Вардар првиот директен удар го има во 20 минута, кога Никола Глигоров се обиде од околу 25 метри да шутира, но неговиот удар со крајни напори го брани Захов, кој спречува отварање на резултатот. Се играше најчесто по средината на теренот, а двете екипи беа претпазливи во своите обиди. Бразилецот во редовите на противникот, Жуниор имаше добра можност, кога на одбиена топка од Новак во нашиот шеснаесетник, шутираше, но топката за малку оди покрај голот на Гачевски. Во првото полувреме ќе ги одбележиме и ударот на Барсегјан над голот, во 41 минута од мечот, како и на Жуниор кој на нафрлена топка од Хасани, бие со глава, но без проблеми за нашиот голман. По првото полувреме, резултатот е оној почетниот 0:0.

Прв директен удар во второто полувреме, за Адили кој во 50 минута бие над нашиот гол, а веќе во следната минута Алими имаше чиста ситуација да го отвори резултатот, но Гачевски спасува негатива за Вардар. Пет минути подоцна центар шут од левата страна на Гличиќ, на нафрлената топка во противничкиот шеснаесетник бие со глава Блажевски, но ништо посериозно. Каков кикс на Захов, кој на вратена топка од својот соиграч, ја пропушти топката, која од стативата заврши во корнер за Вардар. Се редеа шансите пред двата гола, во 57 минута од непосредна близина бие и Радевски кој шутира силно над голот и резултатаот се уште останува непроменет. Голема радост за Шкендија, која успева прва да постигне гол, преку Бесарт Ибраими кој доби топка од левата страна, Тошевски не успеа да изблокира, ниту пак Гачевски да интервенира при ударот на Ибраими, кој завршува во нашата мрежа, за водство од 0:1. Хуан Фелипе можеше бргу да врати, кога биеше директно од прекин, или скратен корнер, од десната страна, но Захов успешно одбрани. Во 71.минута од теренот излегува Битанг, на неговото место влегува Максимов во игра. Конечно погодивме за 1:1, стреламе во  79.минута преку Фелипе. тој упати прекрасен шут  од слободен удар од 20 метри, топката заврши во горниот десен агол од голот на Шкендија. До крајот гостинот на две минути се обиде преку Ибраими, но Гачевски беше на место и спречи погодок.