Снегот и лошите временски услови го одложија 22. коло кое што требаше да се игра во среда (28.02.2018 година), во кое што Вардар требаше да го пречека тимот на Силекс.
Поради лошите услови за игра, дуелот на овие два тима е преместен да биде одигран во недела, на кој што Вардар е домаќин. Исто така покрај овој меч, измени претрпува целиот календар до крајот на натпреварувачката сезона.
Последниот дуел на Вардар е предвидено да биде одигран на 20. мај.