Руското крило во редовите на Вардар, Тимур Дибиров е на добар пат и оваа сезона да биде најдобар стрелец на својот тим во Лигата на Шампионите. Дибиров моментално има 57 постигнати голови, што го прави најефикасен играч на црвено-црните. Тој се наоѓа и во ТОП-10 листата на најдобри стрелци во најголемото натпреварување, на едно коло пред крајот на групната фаза. Дибиров на дуелот со Нант постигна пет голови, што го искачи се погоре на врвот. Првото место е за Уве Генсхајмер ( ПСЖ), втор е Андре Шмид ( Рајн-Некар), додека третото место е за Маркус Олсон ( Скјерн).
Дибиров во Вардар дојде во сезоната 2013/14 и во наредните три беше најдобар стрелец на Вардар во ЛШ, со исклучок на минатата, кога тој примат му го превзема Алекс Душебаев кој постигна повеќе голови од русинот.