Претходно планираните и закажани натпревари од женската лига на ЖРК Вардар против екипите на Гевгелија и Овче Поле се откажуваат поради временските неприлики. Двата дуела според распоредот требаше да се играат денес и утре во С.Ц “Јане Сандански“-Скопје.
Избраничките на Дибирова веќе во петок игра натпревар од ЕХФ Лигата на шампионите против Битигхајм, па натпреварите со Гевгелија и со Овче Поле дополнително ќе бидат закажани. Според планираното, барем засега да се одигра средбата меѓу Гевгелија и Вардар јуниор што треба да се игра на 2 или 3 март. И за тој меч дополнително ќе биде утврдена саатницатa.