На последниот меч од групната фаза во Лигата на Европа против Розенборг, екипата на ФК Вардар е казнета со 30.000 евра од страна на УЕФА. Поради лоша организација, палење на пиротехнички средста, како и фрлање на предмети, и влез на куче на теренот, се вели во соопштението на УЕФА, мерки поради кои е казнет нашиот фудбалски шампион.
Ова беше вкупно трета казна за Вардар, откако претходно и на домашните мечеви против Малме и Копенхаген, според УЕФА имало пропусти во организацијата.