Вардар стигна до 14 победа во СЕХА-лигата, откако славеше на гостувањето кај Загреб. Во неизвесна завршница, црвено-црните со голот на Карачиќ и одбраната на Милиќ триумфираа минимално со резултат 24:25. Најефикасни во нашиот состав беа Дибиров и Карачиќ, кои постигнаа по 5 голови.