Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Дибирова, Нацева и Радичевиќ: Одиме на триумф со Битигхајм
Дибирова, Нацева и Радичевиќ: Одиме на триумф со Битигхајм

Дибирова, Нацева и Радичевиќ: Одиме на триумф со Битигхајм

Во петок не очекува дуел  со Битигхајм, средба која  би требало да биде само потврда на нашиот квалитет. На првиот натпревар на почетокот на февруари во Германија ние победивме со 38-26. И сега се очекува освојување на бодовите.  До крајот на натпреварите од главната фаза треба да играме уште два натпревари, овој со Битигхајм и на гости кај Будуќност. Ни треба само победа против Битигхајм за потврда на првото место во групата. По повод овој дуел се одржа денес прес-конференција на која беа кажани следните очекувања:

Тренер Ирина Дибирова: Добро го познаваме противникот. Претходниот натпревар го добивме со голема разлика, иако првиот дел не беше лесен. Треба да играме перфектно за да победиме, и да ја решиме нашата задача во групата. На претходниот натпревар во Мец загубивме само порадите нашите грешки. Ни треба поддршката од трибините од сите, да бидеме сложни сите заедно дури и кога губиме. Треба да го вратиме победничкиот дух и да останеме на првото место.

Јованка Радичевиќ: В петок сакаме само да победиме и на тој начин да го решиме првото место во групата. Изгубивме од Мец, поразот дојде во право време, за да не летнеме во облаци и мислам дека загубивме само поради нашите грешки. Тие играа исто како и досега, само ние не бевме на нашето ниво. Со нашата добра енергија, добра одбрана ќе треба да стигнеме до победа. Битигхајм не намачи кај нив во првиот дел и ќе сакаат да не пореметат нашиот ритам.

Претседател на клубот Гордана Нацева: Очекувам дека со победа ќе ја завршиме главната рунда на домашен терен со што ќе го реализираме нашиот план, а со тоа ќе добиеме полесен тим за противник во четвртфиналето. Нашиот план беше да е биде прв во главната рунда и да се оди на Ф4. Битигхајм е во натпреварувачки ритам, но јас очекувам дека тимот ќе се консолидира по поразот од Мец и со една одлична партија ќе победиме.