Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Лошиот викенд измина, доаѓа нов со нови три дуели
Лошиот викенд измина, доаѓа нов со нови три дуели

Лошиот викенд измина, доаѓа нов со нови три дуели

Црвено – црните тимови на Вардар веќе го заборавија изминатиот викенд кој донесе три порази од исто толку натпревари. Сега Вардар се насочува кон овој викенд каде сите три екипи ФК, РК и ЖРК Вардар ги очекуваат нови дуели.

Најпрвин програмата ќе ја отвори ЖРК Вардар и тоа в петок на дуел против германскиот тим на Битигхајм. Вардарки по загубениот натпревар во Мец, немаат право на нов кикс против овој противник. Натпреварот на Вардар в петок ќе стартува во 19.00 часот.

Свој натпревар овој викенд секако ќе одигра и ФК Вардар кој оваа сезона игра многу лошо во ПМФЛ. Вардарци речиси и да ја загубија титулата оваа година па натпреварите до крајот во ПМФЛ ќе бидат како подготовка за дуелите налето во Лигата на Европа. Противник на неделниот дуел на Вардар ќе биде Силекс од Кратово, овој дуел е закажан за 14.00 часот.

РК Вардар пак, сам си решава за својата судбина. Европскиот шампион со победа против Висла во Скопје в недела ќе обезбеди повторно учество во 1/4 финалето, односно ќе го прескокне 1/8 финалето во Лигата на шампионите. Дуелот на Вардар и Висла ќе биде одигран исто така в недела, но од 17.00 часот.