На подготовките за квалификациските натпревари за пласман на Светското првенство за ракометарки до 20 години, повикани се пет ракометарки од екипата на Вардар. На списокот на селекторот Јулија Дамчевска се најдоа: Јована Мицевска, Слободанка Кицеска, Милица Николиќ, Леонида Гичевска и Ивона Трпевска.
На списокот се наоѓаат вкупно 22 ракометарки, а собирот е закажан за сабота во салата во Автокоманда. Освен Мицевска која е дел од прв тим сите други девојки се дел од составот на Вардар Јуниор предводен од Симе Симовски кој игра во женската супер лига.