Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар голем фаворит против Битигхајм, се освен победа на црвено-црните, ќе биде изненадување
ЖРК Вардар голем фаворит против Битигхајм, се освен победа на црвено-црните, ќе биде изненадување

ЖРК Вардар голем фаворит против Битигхајм, се освен победа на црвено-црните, ќе биде изненадување

Вечерва со почеток од 19:00 часот, Вардарки го играат претпоследното коло во рамките на групата 2, а противник ни е екипата на Битигхајм од Германија.

Црвено-црните можат со триумф на вечерашниот дуел да го потврдат првото место во групата, со оглед дека сме големи фаворити за освојување на бодовите. Противникот во Скопје допатува со само десет ракометарки, од кои две се голманки. Во составот повторно ќе ги нема, најдобриот стрелец Ким Наидзиниавициус, а исто така така и Нина Милер, Сузан Милер и Роземален. Во средата Битигхајм одигра натпревар од германското првенство, каде на домашен терен славеше во дуелот со Олдебург и тоа убедливо со двоцифрена разлика (29:19), иако и тука има пет бодови помалку од екипата на Турингер, со која се борат за шампионската титула. На седум гостувања оваа сезона во рамките на ЛШ, вечерашниот противник има само една победа и дури шест порази, а единствениот триумф е од првата групна фаза, кога славеа во Шведска против екипата на Кристијанштад.

Битигхајм по убедливиот пораз во претходното коло од Турингер, ги загуби сите шанси дека може да се избори за пласман во четврфиналето. За разлика од нив, Вардар нема никави пробеми околу составот, па тренерскиот тандем, Дибирова-Парондо може да смета на сите играчи. Да покажеме дека поразот од Мец бил само лош ден за нашите девојки, кои го играат претпоследниот натпревар во Јане Сандански, за оваа сезона, која ќе биде последната за актуелниот состав во Лигата на Шампионите. Тоа е доволна причина да дојдете денес во што поголем број и да им дадете подрршка на ракометарките, кон нова победа, која најверојатно ќе значи и осигрување на првото место во групата.