ЖРК Вардар со вечерашната победа над Битигхајм 30:22 (13:8) и теоретски го обезбеди првото место во својата група и ќе го добие најслабо пласираниот тим во 1/4 финалето од другата група. Вардарки на денешниот натпревар немаа поголеми потешкотии да стигнат до победата, во текот на целиот натпревар имаа предност, во вториот дел шанса добија и ракометарките кои помалку играат оваа сезона за комплетирање на целокупната победа.
Вардарки сосема очекувано по првиот дел имаа висока предност над тимот на Битигхајм. Првите пет минути од дуелот поминаа во знакот на нашиот тим кој водеше со 2:1 со головите на Лекиќ и Радичевиќ, в0 10. минута резултатот беше само еден плус за нашиот тим 5:4. Од десеттата минута дури до 22. минута Вардарки постигнаа само два погодоци, а ништо поефикасен не беше ниту гостинскиот тим, па така во 23. минута резултатот беше само 8:7 за Вардар. До крајот на првиот дел воглавно преку грешки на противникот Вардар постигнуваше лесни погодоци, па така на полувреме “црвено – црните” заминаа со највисоки на оваа средба плус пет, 13:8. Во првиот дел Лекиќ постигна четири погодоци кај Вардар, додека пак кај гостинките нивниот најдобар играч Кудлач, се повреди по неколку минути на теренот.
На стартот од вториот дел во игра кај Вардар влегоа Ристовска и Саздовска, одма потоа со два гола во серија на Ристовска нашиот тим дојде до највисоките плус шест, 16:10 во 35. минута. Веќе во следниот напад преку Лакрабер тимот на Вардар дојде и до предност од седум голови разлика што беше знак за тренерот на Битигхајм да побара минута одмор. Серијата на Вардарки продолжи и во следниот период, па така во 40. минута Вардар имаше и предност од 20:12. Резултатската нишалка од плус осум-девет за Вардар продолжи и во следните десет минути од дуелот. И последните десет минути од дуелот му припаднаа на нашиот тим, за на крајот победа со резултат 30:22.
Андреа Лекиќ најефикасна со 8 голови, додека Сара Ристовска постигна 4 голови.