Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > (ВИДЕО) Ристовска и Лејно во изборот на ЕХФ, за најдобри голови и одбрани
(ВИДЕО) Ристовска и Лејно во изборот на ЕХФ, за најдобри голови и одбрани

(ВИДЕО) Ристовска и Лејно во изборот на ЕХФ, за најдобри голови и одбрани

Вардарки со победата против Битигхајм на едно коло пред крајот на главната рунда, го обезбедија првото место во својата група. Стана вообичаено голманката на Вардар да ја гледаме во изборот на ЕХФ за најдобри одбрани, така беше и во ова претпоследно коло во Лигата на Шампионите. Една нејзина одбрана најде место во ТОП-5 најдобри интервенции, на колото во ЛШ.

Погледнете го видеото со најдобрите пет голови на колото во ЛШ, на линкот ТУКА.

Сара Ристовска играше во текот на целото второ полувреме и го заврши мечот како втор најдобар стрелец во редовите на Вардар, десното крило успеа да постигне четири голови. Еден од нив се најде во изборот на ТОП-5 најубави голови. Видето со најдобрите голови од ова коло, можете да го погледнете на линкот, ТУКА.