Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар броеше до 52 во дуелот против Овче Поле, Ристовска и Саздовска погодија по 13 пати
ЖРК Вардар броеше до 52 во дуелот против Овче Поле, Ристовска и Саздовска погодија по 13 пати

ЖРК Вардар броеше до 52 во дуелот против Овче Поле, Ристовска и Саздовска погодија по 13 пати

Ракометарките на Вардар по победата над Битигхајм во ЕХФ Лигата на шампионите се вратија на обврските во женската македонска лига. На дуелот  од 16. коло вардарки го победија Овче Поле како гостинки во својата сала “Јане Сандански“ со убедливи 17-52 (7-28).

Разликата во квалитетот меѓу екипите на европскиот вицешампион и на овчеполки се виде веќе на почетокот, ние тргнавме со  7 – 0 за нас, а дури тогаш  гостите го постигнаа првиот гол. Противникот не успеваше да погоди од позициони напади па ние казнувавме со лесни голови на нашите крила. На полувремето имавме четири пати повеќе голови од противникот, на одмор се замина со предост од 28-7. Вториот дел беше копија на првите 30.минути, нашите девојки дојдоа на крајот до бројката од 52 постигнати погодоци. Кај нас  Јована Саздовска и Сара Ристовска постигнаа по 13 голови, осум пати стрелаше Марија Петровиќ, додека седум пати во листата на стрелци се запиша Андреа Кликовац. Кај тимот на Овче Поле,  Драгана Стојанова постигна дури   12 голови. Вардарки денес  играат со Гевгелија, а утре со Куманово.

Вардар: Кликовац 7, Саздовска 13, Кузнецова 5, Бајрамовска 1, Мицевска, Керамичиева 4, Суслина, Лакрабер, Петровиќ 8, Гичевска 1, Ристовска 13.