Младинските екипи на Вардар утре и задутре започнуваат со настапи во своите лиги, дали ова ќе значи повлекување на одлуката на управата на Вардар и враќање на првиот тим останува да видиме.
Инаку, Вардар в недела игра нов дуел во ПМФЛ, дуел против “фенерџијата”, тимот на ФК Скопје. Скопје е во серија од добри резултати, па така со кој тим и да излезе Вардар, сигурно ќе има проблеми на секогаш незгодниот терен за игра на Железарница.
Само за потсетување, тренер на екипата на Скопје е Марковски – Калц кој изминатата сезона ги предводеше младинците на Вардар. Дуелот на Скопје и Вардар в недела започнува со почеток од 14.00 часот.