Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалез: Фаворити сме против Војводина и тоа мора да го покажеме на теренот – Циндриќ: Натпреварот ќе биде добар вовед за финалниот турнир во СЕХА Лигата
Гонзалез: Фаворити сме против Војводина и тоа мора да го покажеме на теренот – Циндриќ: Натпреварот ќе биде добар вовед за финалниот турнир во СЕХА Лигата

Гонзалез: Фаворити сме против Војводина и тоа мора да го покажеме на теренот – Циндриќ: Натпреварот ќе биде добар вовед за финалниот турнир во СЕХА Лигата

Вардарци веќе се наоѓаат во Србија, каде утре го играат препоследното коло во рамките на СЕХА-лигата против екипата на Војводина. Црвено-црните се фаворити на овој дуел и ќе се обидат да стигнат до својата 16 победа во ова натпреварување. Пред овој меч своите очекувања ги сподели тренерот Раул Гонзалез кој истакна дека Вардар е фаворит, но таа улога мора да се оправда на теренот.

-Ова ќе биде нашиот  последен натпревар на гостински терен оваа сезона и сакаме да му пристапиме сериозно, како што било случај и со претходните мечеви досега оваа сезона. Ние веќе обезбедивме пол позиција за F4, но нашата цел е да останеме непоразени. Војводина сигурно ќе биде целосно мотивирана, исто како и сите други екипи кога играат против нас. Тие имаат добра одбрана и играат подобро пред своите навивачи, но ние сме фаворити и мораме да го докажеме тоа на теренот.

Лука вели дека најважно е на овие последни мечеви од регуларниот дел да не дојде до некоја повреда и сите да влезат здрави пред главните предизвици.

-Натпреварот против Војводина ќе биде шанса за играчите кои досега играа помалку. Војводина е добар тим и верувам дека секој од нас ќе мора да даде максимум со цел да победиме. Натпреварот ќе биде добар вовед за финалниот турнир во СЕХА Лига и четврт-финалето на Лигата на шампионите. Очекувам добар меч и се надевам дека никој нема да се повреди, бидејќи тоа е најважното нешто во овој момент.