Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Комити > (ФОТО) Нова поддршка стигна од Германија, за повредениот Златко

(ФОТО) Нова поддршка стигна од Германија, за повредениот Златко

vardarfans-poddrska-za-zlatko

Не престанува поддршката за младото момче кое беше избодено на Рекорд. Овој пат на дуел од бундеслигата, помеѓу екипите на Мајнц и Шалке, се појави транспарент од Македонец кој работи во Германија.

“Навивај спортски, наместо да напаѓаш со нож. Златко биди јак“, пишуваше на транспарентот. Капитенот на Вардар неодамна исто така беше во посетта на Златко, на кој му подари дрес и од името на целата екипа му посака побрзо опоравување. Пред натпреварот, Вардар – Силекс исто така неговата навивачка група, Комити пред градската болница го скандираше неговото име, во знак да се врати на својата трибина. Браќата од Гелзенкирхен исто така имаа транспарент со поддршка за Златко, а на мечевите на ФК Вардар против Силекс и на РК Вардар против Висла, исто така имаше истакнато транспарент со најдобри желби за момчето.