Во текот на утрешниот ден стартува пролетниот дел од сезона за вардаровите генерации родени “2003“ и “2004“ година, во рамките на регионалната-скопска лига. Противник ќе ни биде екипата на Форца, а натпреварите ќе се одиграат на теренот на Академијата. Форца требаше да биде домаќин на овие натпревари, но по договор на двата клуба, мечевите ќе се одиграат на Академија. Првите дуели и двете генерации на Вардар со овој противник ги добија со службен резултат.
Генерацијата на ФК Вардар родени “2004“ година имаат десет победи од исто толку одиграни натпревари и со максимален број на освоени бодови го стартуваат вториот круг од натпреварувањето. На табелата Вардар е прв со 30 освоени бодови, додека на второто место е Милано кој има 25, но и натпревар повеќе од нашиот состав. На третото четвртото место се екипите на Шкупи и Њу Старс, кои имаат по 23 односно 22 бодови ( но и два натпревари повеќе од Вардар). Натпреварот утре со Форца стартува од 10:00 часот.
Вардаровата генерација “2003“ во есенскиот дел има 12 одиграни натпревари, на кои забележавме десет победи, еден нерешен резултат и еден пораз и се наоѓа на првото место на табелата. Натпреварот со Форца се игра од 12 часот. Двете генерации на Вардар се големи фаворити во дуелите со Форца.