Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Убедлива победа за младинките на Вардар, кои на Кале ја совладаа екипата на Кичево
Убедлива победа за младинките на Вардар, кои на Кале ја совладаа екипата на Кичево

Убедлива победа за младинките на Вардар, кои на Кале ја совладаа екипата на Кичево

Младинките на Вардар стигнаа до првата пролетна победа, откако вечерва на Кале беа подобри од екипата на Кичево. Полесно од очекувањата избраничките на Платон и Кузманоска славеа убедлива победа, изразена со резултат 34:11.

1

Натпреварот со голови го отворија Гоцевска и Софкоска за предност од 2:0, за првиот погодок екипата на Кичево да го постигне во 6 минута од мечот. Вардарки имаа постојана предност во текот на целото прво полувреме, која најмногу достигна достигна до седум голови разлика. Следеше нова серија за избраничките на Платон, овој пат од 3:0, за во 9 минута нашите младинки со нов погодок на Марија Гоцевска да имаат водство од 5:1. На нашиот гол расположена беше Викторија Сандева, која доприносе за оваа позитива.

3

Оваа разлика од четири гола се одржуваше и во следните десет минути кога при резултат од 8:4, Вардар постигна три голови во серија и зголеми на 11:4. Гоцевска беше најрасположена за игра во овој дел од натпреварот и наша најефикасна ракометарка. До истекот на првите 30 минути ја одржувавме оваа позитива, за на полувреме да заминеме со водство од 13:7. На нашиот гол, Викторија Сандева имаше 7 успешни одбрани.

4 2

Младата Мила Пешиќ имаше можност да го постигне својот прв гол на мечот на стартот на вториот дел, но не успеа да реализира од седум метри. Сепак истиов играч реализира во нејзииот втор обид, за прв гол на Вардар во вториот дел, за веќе зголемен резултат од 14:7. Растеше разликата во корист на Вардар, кој веќе во 36 минута стигнаа до двоцифрена предност од 17:7, а првиот гол во вториот дел , Кичево го постигна во 37 минута за намалување на резултатот. На голот застана Бабунска која забележа две одбрани во првите осум минути. Следеа и серија од погодоци на Елена Ивановска, за предноста да порасне на високи 21:8. Застана Кичево на осум голови, а нашите младинки го полнеа противничкиот гол, за веќе во 45 минута да имаат убедлива предност од 25:8. Вториот гол, Кичево го постигна во 47 минута и тоа со удар од седум метри, а во следниот ист ваков обид на противникот успешно одбрани Бабунска. Гостинската екипа гледаше што побрзо да заврши натпреварот, а Јована Софкоска постигна гол за резултат 30:10 во 52 минута. Чиста рутина беа последните минути за Вардар, кои слават победа со резултат 34:11.

Марија Гоцевска беше најдобар стрелец со 7 голови, додека Тамара Стојчевска постигна 6 голови. Ова  беше вкупно петта победа за младинките на Вардар во лигата, со која ќе останат во борба за завршниот турнир во женската лига.

Вардар: Бабунска, Софкоска 5, Нелоска 2, Сандева, Колоска, Величковска 1, Паланковска 3, Алушовска 1, Стојчевска 6, Ивановска 4, Цветковска, Костадиновска, Гоцевска 7, Агеловска 1, Пешиќ 3, Коцева 1.