Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки подобри од Будуќност, во 1/4 финалето противник Митјиланд
Вардарки подобри од Будуќност, во 1/4 финалето противник Митјиланд

Вардарки подобри од Будуќност, во 1/4 финалето противник Митјиланд

Тимот на Вардар со победа ја заокружи и оваа успешна групна фаза, нашите девојки вечерва славеа победа во балканската пресметка со тимот на Будуќност 25-30 (11-14). Вардарки во 1/4 финалето ќе се соочат со тимот на Митјиланд од Данска.

ЖРК Вардар по првиот дел имаше три голови предност против тимот на Будуќност. Натпреварот започна изедначено, во петтата минута резултатот беше 3-3. Веќе во десеттата минута резултатот беше 5-6 за нашиот тим. Веќе во 18. минута со гол на Хмирова од соло акција, Вардар дојде до предност од плус два. Во следните неколку минути и младите судии се загубија на натпреварот, досудија неколку фаули кој не постоеа, но тоа не му сметаше на нашиот тим, па така во 27. минута со голот на Лакрабер дојдоа до највисоките плус три, 11-14. До крајот ја задржаа предноста Вардарки  од плус три, за на пауза да заминат со предност од 12-15.

Вториот дел подобро го отвори тимот на Будуќност, со три гола во серија за четири минути, домашниот тим дојде до егал 15-15 во 34. минута. Следните десет минути од дуелот минаа повторно во знакот на нашиот тим, во 44. минута Вардарки имаа предност од 19-23. И во вториот дел блескаше на нашиот гол Ина Суслина, нашата голманка до 44. минута успеа да одбрани три пенали. Во следните минути во серија на грешки влегоа и двата тима, па така се постигнаа малку голови, во 50. минута, или на десет до крајот, Вардар имаше комотна предност од 21-25. Во 56. минута се беше решено, во голот на Лакрабер, Вардар дојде до предност од плус четири 23-27. Конечниот резултат на крајот гласеше 25-30.