Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Минимален пораз за пионерите на Вардар Јуниор, на гостувањето во Велес од екипата на Бисинов
Минимален пораз за пионерите на Вардар Јуниор, на гостувањето во Велес од екипата на Бисинов

Минимален пораз за пионерите на Вардар Јуниор, на гостувањето во Велес од екипата на Бисинов

Пионерите на Вардар Јуниор денес го стартуваа пролетниот дел од сезоната. Во рамките на групата 2 од пионерската лига, избраниците на Зоран Петковски се поразени на гостувањето во Велес од екипата на Бисинов, минимално со резултат од 28:27.

Во најголем дел од натпреварот се водеше голема борба и гледавме израмнет натпревар. Целото прво полувреме помина со игра гол за гол и ниту една од екипите не стигнаа до поостеливо водство. По истекот на првите 20 минути, екипата на Бисинов имаше минимално водство од 14:13.

На стартот на вториот дел, домашната екипа од Велес постигна гол за зголемување на 15:13, сепак избраниците на Петковски, Вардар Јуниор врати со два гола во серија и го израмни резултатот на 15:15. Бисинов постојано беше во предност од 1-2 гола, но секогаш црвено-црните собираа сили да се доближат и да го израмнат резултатот уште во два наврати. Сепак Бисинов повторно имаше два гола разлика, кога поведе со 22:20 и 24:22. Оваа предност ја задржаа до самиот крај, успевајќи да триумфираат со резултат од 28:27. Ова беше трет пораз за оваа пионерска екипа на Вардар, која има исто и толку победи.

Најрасположен за игра кај Вардар Јуниор беше десниот бек, Христијан Петковски кој постигна дури десет голови. Маријан Гочев беше стрелец на пет погодоци, додека четири постигна Иле Табаков. По два гола беа дело на Давид Младеновски и Александар С, додека по еден постигнаа Андреј Петрушевски и Давид Славески.