Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Пионерките на Вардар победнички се враќаат од Автокоманда, во дербито со екипата на Металург 2
Пионерките на Вардар победнички се враќаат од Автокоманда, во дербито со екипата на Металург 2

Пионерките на Вардар победнички се враќаат од Автокоманда, во дербито со екипата на Металург 2

Пионерките на Вардар со победа се враќаат од гостувањето во Автокоманда, откако утрово ја победија екипата на Металург 2. Резултатот на овој дуел гласеше 13:18 за вардарки.

Освен едно и единствено водство на тимот од Автокоманда остатокот од натпреварот помина во знак на Вардарки. Избраничките на Платон и Кузмановска го отворија резултатот, за домашниот тим да врати со серија од два гола и да поведе со 2:1, што беше нивна единствена предност на овој дерби меч од пионерската лига. Вратија брзо вардарки со серија од 0:3 и го свртеа резултатот во своја корист за водство од 2:4. Во еден момент, екипата на Металург намали на само еден гол негатива (4:5), но следеше одговор на црвено-црните и серија од 0:3, со која поведоа со највисоки четири голови разлика (4:8). Имавме и предност од 6:10, додека на одмор се замина со позитива од три гола за Вардар ( 8:11).

Помалку голови гледавме во второто полувреме. Намали на самиот старт Металург на 9:11, но нашите пионерки имаа контрола на резултатот, па одново ги вратија оние највисоки четири голови предност (10:14). Бевме подобри на теренот и не му дававме шанса на Металург да се врати во игра. Времето работеше за нас, а Вардар успеа да ја одржи предноста, на крајот и да слави со најголеми пет гола, или конечен резултат од 13:18.

Мила Пешиќ најефикасна во нашиот состав со пет голови, додека четири додаде Бојана Коцева. Борјана Коцева беше стрелец на три голови, по два постигнаа Александра Колоска и Ива Ангеловска, додека по еден гол и за Мила Крагељ и Бојана Радевска.