Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Победи за момците на РК Преспа Вардар и РК Урдаревски во Јуниор лигата кај генер.2002/03
Победи за момците на РК Преспа Вардар и РК Урдаревски во Јуниор лигата кај генер.2002/03

Победи за момците на РК Преспа Вардар и РК Урдаревски во Јуниор лигата кај генер.2002/03

Денес во салата “Кале“ се одигрува вториот натпреварувачки ден од седмото коло во ракометната Вардар јуниор лига. Кај момците во генерација родени 2002/2003 на програмата беа три дуела, но се одиграа два од кој ви носиме извештаи. Дуелот РК Балтепе Вардар од Тетово против РК Преспа Вардар од Ресен се прекина по 4.минути игра поради сезиозна повреда на еден од играчите на тетовскиот тим по што интервенираше брзата помош.

Eкипата на РК Урдаревски од Скопје  ја совлада екипата на РК Балтепе Вардар од Тетово со резултат 18-13 (8-5) во првиот натпревар во оваа генерација. Мечот почна со рамноправна игра почнавме со 1-1, а по 4.минути игра на семафорот стоеше 2-2. Со серија 1-5 скопјани се оплепија на “плус четири“ 3-7. Балтепе нападна во финишот на полувремето и намали, на одмор заминаа со негатива за нив од 8-5.

7

Вториот дел почна со по еден гол во двете мрежи за резултат 6-9. Вториот дел беше рамноправен постојано се играше околу тие три гола предност на скопската екипа па така едниот тим намалуваше, а другиот постојано се враќаше во игра. На крајот Скопјани победија со плус три, онолку предност колку што внесоа на полуврреме. Кај победникот Левајковски имаше пет погодоци, кај поразените Небојша Кочовски имаше исти удел.

6

Во вториот дуел РК Преспа Вардар од Ресен во еден интересен дуел го совлада тимот на РК Општина Кисела Вода Вардар со резултат 21-17 (11-10). Двата тима на почетокот постигнаа по еден погодок за почетни 1-1, потоа следеше серија на скопјани кој со серија 0-3 се одлепија на 1-4 по 7.минути игра.  Следеа минути на ресенчани кои заиграа поангажирано и со серија 6-2 успеаа да го преземат водството поведувајќи со 7-6 на во 16.минута. До крајот се играше гол за гол двата тима постигнаа по четири гола и на одмор се замина со гол предност на Преспа, 11-10.

8

Вториот дел со гол го отворија реснчани кои поведоа со 12-10, следеше игра гол за гол па на средината од полувремето на семафорот во “Кале“ стоеше  16-14. Потоа дојде клучната серија на РК Преспа која со 4-1 се одлепи на недостижни “плус пет“, 20-15  што беше клучно за нови бодови. До крајот одиграа рутинирано и победија со 21-17. Кај нив по шест гола имаа Мишевски и Костовски, кај поразените Пешкирски имаше четири гола.