Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Младинките на Вардар Јуниор триумфално в гости кај РК Кузман Вардар, висока победа за девојките на Драгана Ристова
Младинките на Вардар Јуниор триумфално в гости кај РК Кузман Вардар, висока победа за девојките на Драгана Ристова

Младинките на Вардар Јуниор триумфално в гости кај РК Кузман Вардар, висока победа за девојките на Драгана Ристова

Младинската екипа на ЖРК Вардар Јуниор предводени од Драгана Ристова денес  гостуваше кај  екипата на РК Кузман-Вардар, мечот се одигра во салата “Гоце Делчев“  во скопската населба Илинден. На истиот младинките на Вардар Јуниор дојдоа до победа над домаќинот со резултат 19-35 (8-13).

Први со гол натпреварот го отворија вардарки, на што девојките од РК Кузман одговорија со гол за почетни 1-1. Следеше серија 0-3 на девојките на Драгана Ристова со која се одлепија на 1-4. Сепак домаќинот одигра цврсто и се врати со три последователни гола изедначувајќи на 4-4, тоа беше последен поволен резултат за нив на оваа средба.  Вардарки  направија пеколни 0-5 со кој се одлепија на 4-9 и најавија дека ќе одат на нова победа, втора за нив во вториот меч оваа ракометна пролет. По оваа серија се играше гол за гол, двата тима играа рамноправно постигнаа по четири гола во противничката мрежа за на одмор да се замине со резултат 8-13 на семафорот во салата “Гоце Делчев“-Илинден.

99

Вториот дел со гол го отворија домаќинките кои намалија на 9-13 по првиот напад. Девојките на Вардар Јуниор одиграа поангажирано во продолжение, постигнаа повеќе голови од домаќинот па успеаа некаде на средината од вториот период да се одлепат на двоцифрена предност, поведувајќи со 12-22. Се понатака беше рутина, тие мирно го приведоа дуелот кон крајот, а предноста ја зголемија од десет на плус шеснаесет до финишот на дуелот. Вардар Јуниор победи со резултат 35-19 на овој младински меч. Галевска Марија постигна шест гола кај победникот, Седлоска Андреа имаше гол помалку, а на голот беше фантастична Симона Грујовска со 10 одбрани и 4 фрлени контри, таа одигра дел од дуелот и беше заменета  со Станчева Ивана која нанижа 4 одбрани. Kaj домаќинот Спасовска и Фидановска имаа по пет гола.

Вардар Јуниор: Грујовска (10 одбрани), Станчева(4 одбр.) Гроздановска 2, Арсовска 2, Гонзалез 1, Донева, Петковска 4, Софтовска 3, Наскоска 4, Џатевска, Костовиќ, Седлоска 5, Коларовска 3, Јаковчевска 2, Галевска 6, Дамјановска 1.

Тренер: Драгана Ристова