Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар не успеа да го победи ниту “фенерџијата”
Вардар не успеа да го победи ниту “фенерџијата”

Вардар не успеа да го победи ниту “фенерџијата”

Скопје и Вардар денеска одиграа неквалитетни 0:0. Нашиот тим ама баш ништо не одигра на овој дуел против последно пласираниот тим во македонската прва лига.

Скопје и Вардар по првите 45. минути одиграа неквалитетни 0:0. Тимот на Вардар во првиот дел не створи ниту една добра шанса да го загрози голот на Стефановиќ. Во првиот дел со два удари од далечина се обиде Битанг, но и двата удари завршија непрецизно. Значи, Вардар во првиот дел не шутна ниту еднаш во рамката на голот на Стефановиќ. Домаќинот пак, беше за нијанса поконкретен, од слободни удари се обидоа Бопесу и Алексовски, ударот на Алексовски го скроти Гачевски, а пак Бопесу биеше покрај голот уште во првите 10-сетина минути од мечот.

Второто полувреме Вардар го одигра поквалитетно од првото, створи повеќе шанси пред голот на Скопје. За одбележување беа две шанси за Вардарци во продолжението, во 53. минута Блажевски биеше од слободен удар покрај голот, а потоа се закани и Барсегјан во 65. минута со што ова беше прв шут во рамката од голот на Стефановиќ. Конечно добра шанса и акција направи Вардар во 74. минута, Барсегјан биеше со глава а одбрани Стефановиќ. Конечно замена направи и Јаневски, во 79. минута во игра влезе Попзлатанов на местото на Максимов кој денеска беше неопасен по голот на противникот. Со резултат 0:0 заврши дуелот.