Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите и младинците на ФК Вардар одиграа 2-2 на гостувањето в Битола кај ФК Пелистер
Кадетите и младинците на ФК Вардар одиграа 2-2 на гостувањето в Битола кај ФК Пелистер

Кадетите и младинците на ФК Вардар одиграа 2-2 на гостувањето в Битола кај ФК Пелистер

Овој викенд стартуваше пролетниот дел од сезоната во првенството на младинските фудбалски категории или вториот круг на натпреварување. Противник на нашите генерации беше екипата на ФК Пелистер од Битола. Кадетите и младинците денес, недела гостуваа во Битола. Двата наши тима одиграа реми, 2-2 со ривалите од зелено-белиот тим.

Младините на Вардар предводени од Бобан Бабунски го стартуваа овој натпревар со следниот почетен состав: Велковски, Џуклески, Антовски, Реџепи, Младеновски, Ѓорѓиески, Адем, Благоевиќ, Маркоски, Бериша, Дишлиевски.

Нашите младинци одиграа добро прво полувреме кое го добија со гол предност. Ние го отворивме овој натпревар со погодок 0-1 во 15.минута од дуелот. За нас успешно стрелаше Маркоски Дејан. Противникот во продолжение успеа да изедначи на 1-1, тие погодиа за резултатска симетрија во 20.минута од натпрварот. Ние напаѓавме со цел да поведеме повторно, и шест минути потоа повторно водевме овој пат со 1-2. Јакyп Бериша погоди за црвено-црните во 26минута. По овој погодок до крајот на првиот дел имаше неколки прилики но без реализација.
Вториот дел го почнавме со предност, атакувавме да ја зголемиме со цел да ја обезбедиме победата. Домаќинот во текот на вториот период постојано поскауваше да изедначи, во што и успеаа во финишот. Тие погодија за 2-2 во 82.минута од натпреварот. Тоа беше последен гол на оваа средба по што двата тима ги поделија бодовите.

Тренерот на кадетите, Влатко Колев се одлучи да го почне натпреварот со следните 11 момци: Тимевски, Радевски, Hиколов, Димов, Велковски, Димоски, Илиевски, Митревски, Ибиши, Ѓурковски, Пешевски.

За разлика од младинскиот тим кој ја пропушт предноста, кадетите имаа негатива и успеаа да изедначат со што извадија поволен резултат. Првиот дел зелено-белите го добија со резултат 2-0. Тие поведоа со 1-0 во 36.минута, а ја удвоиа предноста во последната минута од првиот период. Ние во првиот дел напаѓавме, но неуспеавме да погодиме, што не беше случај во вторите 45.минути.
Напаѓавме со цел да намалиме во вториот дел, тоа ни успеа во 63.минута преку Ибиши Џемаил кој намали на 2-1 и ни овозможи во последниот пол час да се надеваме на успех од ова гостуввање. Успеавме во тоа преку Илиевски Марио кој стрелаше за 2-2, резултат со кој заврши овој дуел.