Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 19 години Вујадин Станојковиќ, повика петмина играчи од Вардар за следните квалификациски натпревари на оваа селекција кои ќе се играат во март.
За натпреварите против Летонија (21.03), Унгарија (24.03) и Англија (27.03) кои ќе се играат во Скопје, конкурираат петмина фудбалери на Вардар.
Тоа се: голманот Методија Велковски, потоа одбранбените фудбалери Филип Антовски и Тодор Тодороски, играчот од средниот ред Филип Стојчевски, и напаѓачот Бојан Колевски.