Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Падна и Нексе, Вардар со победа и нов рекорд го заврши регуларниот дел во СЕХА-лигата
Падна и Нексе, Вардар со победа и нов рекорд го заврши регуларниот дел во СЕХА-лигата

Падна и Нексе, Вардар со победа и нов рекорд го заврши регуларниот дел во СЕХА-лигата

Вардар успеа без пораз да го заврши регуларниот дел од сезоната во СЕХА-лигата, откако вечерва во С.Ц. Јане Сандански ја совладаа и екипата на Нексе, со што стигнаа до 17 победи во ова натпреварување.

Вардар не памети кога имал негатива по првото полувреме и тоа денес се случи во дуелот со Нексе. После два промашени удари на Македа и еден на Дибиров, гостите од Хрватска се тие кои го отвараат резултатот во 4 минута. Интересно, Вардар својот прв гол го постигнува во седмата минута преку Кањелас за израмнување на резултатот. На голот започна Страхиња Милиќ кој веќе стигна до две одбрани. Првото водство на црвено-црните се случи во осмата минута, кога погоди Македа, за веднаш во следниот напад, гостинската екипа да го израмни резултатот. Повратникот во редовите на Вардар е Иван Чупиќ, за кој ова е прв натпревар оваа година. Токму со неговите два последователни голови, имаме предност од 4:2. Истава позитива од два гола беше активна и во следните десет минути, кога Карачиќ постигна гол за водство од 8:6, но борбениот Нексе не дозволи Вардар да се одлепи на поголема разлика, па со погодокот на поранешниот хрватски репрезентативец, Ведран Зрниќ го израмнува резултатот на 8:8. Не се изнагледавме многу голови, а “виновници“ за тоа се голманите на двете екипи, Милиќ и Лелиќ кои по првиот дел имаа добар процент на одбрани. Милиќ заврши со осум, додека Лелиќ имаше седум одбранети удари кон неговиот гол. Нексе е тимот кој по првите 30 минути има минимална предност, откако претходно го превзема водството за 9:10, а со позитива заминаа и на одмор (11:12).

Баришиќ со гол го отвори второто полувреме, за највисоки два гола предност на својот тим, а тренерот на Нексе се решава а игра без голман во нападот. Тоа го користата вардарци кои набрзина постигнуваат два гола и го израмнуваат резузлтатот на 13:13. После подолго време, нашиот шампион со голот на Шишкарев успева да поведе со 17:16 во 39 минута. Вардар ја казнува играта на Нексе без голман, откако Циндриќ погоди од својата половина и му донесе предност на својот тим од 24:21, а претходеше серија од 4:1 на црвено-црните, откако последното израмнување беше при резултат 20:20. Милиќ одличен на голот и веќе стигна до 12 одбрани. Човек на одлука беше Циндриќ кој со својот седми гол му донесе предност на својот тим од 27:25, додека Милиќ стигна до 13 одбрана. На крајот конечниот резултат гласеше 29:25.

Најефикасен во нашиот состав беше Циндриќ со 7, додека Чупиќ постигна пет голови. Милиќ имаше 14 одбрани.