Ракометарите на Вардар, Стоилов, Горбок, Шишкарев и новото засилување Деревен се загреваа играјќи тенис. Инаку ракометниот клуб Вардар утре официјално ги стартува подготовките за претстојната сезона. Предпоследниот ден од започнувањето на овие припреми, дел од момците го искористија рекреативно за одигрување на некоја партија тенис. Во пријатна и расположена атмосфера, поминуваат последните денови пред одржувањето на првиот тренинг, во спортскиот центар Јане Сандански.