Monday ,25 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Скопје следен предизвик за вардаровите генерации “2003“ и “2004“ , во второто пролетно коло на регионалната лига
Скопје следен предизвик за вардаровите генерации “2003“ и “2004“ , во второто пролетно коло на регионалната лига

Скопје следен предизвик за вардаровите генерации “2003“ и “2004“ , во второто пролетно коло на регионалната лига

Во недела на теренот на Академијата второто второто пролетно коло во рамките на региоаналната-скопска лига ќе го одиграат генерациите на ФК Вардар родени “2003“ и “2004“ година. Противник ќе ни биде екипата на Скопје.

Генерацијата “2004“ на ФК Вардар има максимален број на освоени бодови во лигата, односно забележа 11 победи на исто толку одиграни натпревари. Првиот дуел одигран на овие две екипи во есенскиот дел, заврши со триумф на Вардар од 0:2 и тоа со двата гола на Никола Павлески. Црвено-црните се големи фаворити за триумф во дуелот со Скопје, натпреварот е закажан да започне од 13:00 часот.

Генерацијата “2003“ во првото пролетно коло постави рекорд што се однесува до најубедливата победа оваа сезона, која ја забележаа минатиот викенд, а истиов терен против екипата на Форца, која ја совладаа со резултат од 15:0. Оваа генерација исто така има 11 победи, 1 нерешен резултат и 1 пораз. Во есенскиот дел го добивме дуелот со Скопје на гостински терен, со убедлив резултат од 1:6.  Хет-трик на тој меч постигна Прелоговски, додека во листата на стрелци се запишаа и Петрушевски, Сељанац и Јаневски. Натпреварот утре со Скопје кај оваа генерација ќе стартува од 15:00 часот.