Тренерот на Вардар, Чедомир Јаневски, се одлучи денешниот дуел против тимот на Ренова да го започне со најсилниот свој состав. На денешниот дуел Вардар ќе брка трета победа од исто толку натпревари сезонава против Ренова.
На клупата за резерви шанса да влезат во игра ќе чекаат Игор Алексовски, Кристијан Тошевски, Вања Марковиќ, Ацо Стојков, Бојан Колевски, Јован Попзлатанов и Бесар Исени.