Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Далибор Костовски: Нема да застанеме тука, сакаме со двојна круна и без пораз да ја завршиме најуспешната сезона на оваа вардарова генерација
Далибор Костовски: Нема да застанеме тука, сакаме со двојна круна и без пораз да ја завршиме најуспешната сезона на оваа вардарова генерација

Далибор Костовски: Нема да застанеме тука, сакаме со двојна круна и без пораз да ја завршиме најуспешната сезона на оваа вардарова генерација

Помладите пионери на ФК Вардар со три бодови се вратија од гостувањето во Прилеп, совладувајќи ја минимално екипата на Победа со резултат 0:1. Ова беше вкупно 15 победа во првенството за оваа вардарова генерација, која има само еден нерешен резултат и се уште е без пораз во текот на оваа сезона. Играч на одлука беше напаѓачот на црвено-црните, Азер Омерагиќ кој во последната минута ја затресе противничката мрежа, за голема радост на Вардар, која ја продолжи победничката серија. Одбраната и на овој дуел беше на своето ниво, а стоперот и капитен на оваа генерација, Далибор Костовски во изјава за нашиот сајт ги сподели впечатоците од триумфот во Прилеп.

-Мечот во Прилеп беше тежок за нас. Со оглед дека сме лидери и се уште сме без пораз, противникот беше многу  мотивиран да не победи, но ние не попуштивме и до самиот крај се надевавме дека можеме да ги освоиме бодовите. Цел меч беше во наша полза, имавме многу шанси, но не ги реализиравме,  сепак во последната минута од натпреварот по една наша добра акција постигнавме гол. Сметам дека заслужено победивме со оглед дека бевме поконкретни од домашиот тим и имавме поголема желба да ги освоиме сите бодови, за разлика од Победа која го бранеше својот гол и беше задоволна и со нерешен резултат. 

88

Победа и на двата натпревари се покажа како цврст противник за вардарци, така беше и на првиот меч во есенскиот дел, кога токму со двата гола на Костовски успеавме да триумфираме.

-И на дуелот одигран во есенскиот дел во Скопје ни беше исто така тешко да ја совладаме Победа. Дури во второто полувреме успеавме да ги постигнеме двата гола и да го скршиме отпорот на противникот. Оваа генерација на Победа има квалитетни играчи и до крајот ќе се бори за место погоре на табелата.

Оваа генерација на Вардар предводена од Рап-Тап само ја зголемува бодовната разлика пред најголемите конкуренти за првото место. После ова коло има дури 16 бодови повеќе од Работнички и 17 од екипата на Шкендија. Вардарци се наоѓаат и во полуфиналето на купот, па капитенот Костовски вели дека желба на екипата е да се освои и национаниот куп и да се заврши сезоната без пораз.

-Со новите три бода од Прилеп сега веќе имаме големи 16 бодови предност пред второпласираниот тим на Работнички. Мислам дека титулата е веќе освоена во лигата ,иако ние сакаме да направиме да се зголеми оваа предност за да се запамети оваа генерација предводена од Сашо Тодоровски. Сигурно дека нема да попуштиме се до последниот натпревар, желба на сите е сезоната да ја завршиме без пораз. Оваа година ке одиме на двојната круна, сакаме да го освоиме и купот и на успешен начин да ја заокружиме најуспешната сезона на оваа вардарова генерација.

291

Што се крие зад успехот и неподливоста на оваа генерација ни открива токму капитенот, Костовски кој заедно со неговиот тим поставуваат рекорди оваа сезона.

-Целиот тим дишеме како едно и многу добро се познаваме за да знаеме што е потребно да се победи на секој натпревар. Тимскиот дух и пријатната атмосфера која владее во екипата, за време на тренинзите и натпревари, се едни од причините зошто оваа екипа се уште нема пораз во лигата. Ако на сето ова се додаде и еден, ако не и најзаслужен за овој наш подем, тренерот Тодоровски, на сите ќе им биде јасно зошто само во оваа возрасна генерација, Вардар се наоѓа на првото место. Мотивацијата и желбата за победа која ни ја наметна нашиот предводник од клупата, дури кога и на екипата не и оди добро, е исто така еден од факторите за одличната сезона. 

Звонко Ивановски