Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Тоше Мартинов: “Јуниор“ лигата ја гледам како успешен проект, се надевам дека во следните години ќе гледаме повеќе ракометни школи
Тоше Мартинов: “Јуниор“ лигата ја гледам како успешен проект, се надевам дека во следните години ќе гледаме повеќе ракометни школи

Тоше Мартинов: “Јуниор“ лигата ја гледам како успешен проект, се надевам дека во следните години ќе гледаме повеќе ракометни школи

Дефинитивно најновиот проект на ракометниот клуб Вардар донесе новитети во Македонија за сите деца кои сакаат да се занимаваат со ракомет. Со “Јуниор лигата“ се зголеми интересот за играње ракомет, а токму ова натпреварување им ја исполнува желбата на сите да започнат да се занимаваат со овој спорт. Целта е да се обединат сите ракометни школи од цела Македонија во една лига, а најдобрите играчи да бидат дел од ракометниот клуб Вардар. Истите тие утре можат да бидат и предводници на репрезентацијата кои ќе придонесуваат за големи успеси на европските и светски првенства. Сите услови да бидат тоа што сега го сонуваат, го имаат токму преку Јуниор лигата, која е во целосна организација на најголемиот клуб во Македонија. Дел од неа е Тоше Мартинов кој настапува за РК Бисинов кај генер. 2002/03 година.

-Тренирам активно веќе девет години, а желбата за овој спорт ја добив од моите братучеди Илија и Мартин. Со Илија тренираме заедно веќе 8 години а воедно Мартин настапува во Вардар Јуниор. Ги следев како тренираат и посакав и јас истото да се обидам да го правам. Моите први почетоци беа раководени од тренерите Никола Бисинов и Стојан Димов.

29468571_391249101338986_1732464407046258688_n

Тоше се надева дека “Јуниор“ лигата ќе стане традиција и дека во следните години ќе се зголеми бројот на школи кои ќе се натпреваруваат во истата.

-Дел сум од “Јуниор лигата” веке три сезони, како дел од РК Бисинов Вардар од Велес. Највпечатливо е тоа што може се дружиме со деца од повеќе градови, и да се докажуваме пред официјалните лица и затоа “Јуниор лигата” ја гледам како успешен проект. Се надевам дека во следните години ќе се прошири “Јуниор лигата” и ќе гледаме уште повеќе ракометни школи.

29541341_391249108005652_5525457838412922880_n-1

На четвртото издание на зимскиот турнир во организација на Вардар, РК Бисинов успеа да освои трето место кај генерацијата родени 2002/03 година.

-Имавме можност да се натпреваруваме во зимскиот турнир “Еден живот, Една љубов”. Според моите впечатоци зимскиот турнир беше добро организиран, организацијата на одиграните натпревари беше добра бидејќи имавме доволен одмор помеѓу утакмиците.

Звонко Ивановски