Зад нас е освојување на првото место во Главната фаза од лигата на шампионите и пласманот во четврт-финалето, неколкуте победи со огромна разлика во домашната лига на вардарки во овој месец. Следен предизвик за Вардар е четвртиот турнир од регионалната ВРХЛ лига што ќе се одржи од утре во СЦ „Јане Сандански”
Три дена, од утре, 27 до 29 март во СЦ „Јане Сандански” ќе се играат натпреварите од лигата каде Вардар е бранител на трофејот. До крајот на лигата ќе треба да се одигра уште еден турнир, следниот месец. Вардар е непоразен на шесте досегашни натпревари од регионалната ВРХЛ лига, на досегашните три одиграни турнири. На турнирот ќе играат и екипите на Будуќност од Подгорица и Крим Меркатор од Љубљана. Распоредот на дуелите е следен:
Вторник, 27 март, 15 часот:
Вардар – Крим (голема сала СЦ „Јане Сандански”)
Среда, 28 март, 11 часот:
Будуќност – Крим (голема сала СЦ „Јане Сандански”)
Четврток, 29 март, 15 часот:
Вардар – Будуќност (голема сала СЦ „Јане Сандански”)
Влезот за сите натпревари во СЦ „Јане Сандански” за ВРХЛ лигата е слободен.