Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Ништо од дербито кај генер. “2004“, Вардар ја “уништи“ Шкендија за да го продолжи стопроцентниот ефект во лигата и да се “закова“ на врвот на табелата

Ништо од дербито кај генер. “2004“, Вардар ја “уништи“ Шкендија за да го продолжи стопроцентниот ефект во лигата и да се “закова“ на врвот на табелата

Утрово на теренот на Академијата, натпревар од регионалната-скопска лига кај генерацијата родени “2004“ година одиграа екипите на Вардар и Шкендија. Иако требаше да биде дерби, ништо од тоа не се случи, па избраниците на Кралевски го победија противникот убедливо со резултат од 9:1.

Тренерот Кралевски стартуваше со следниве 11-сетмина: Ангелов, Милошевски, Анчевски, Јаневски(c), Љушев, Серафимов, Павлески, Стоимов, Каровски, Стојановски, Гуџуфи.

1

Вардар имаше фуриозен старт на натпреварот, кога по само 15 минути игра имаше убедливо водство од 4:0. Првите три голови на овој меч беа дело на Бесар Гуџуфи, кој му носи предност на Вардар од 3:0. При една добра акција, мрежата на противникот ја тресе и Георг Стојановски, за својот прв гол денес и за зголемување на резултатот на 4:0. До овој период, екипата од Тетово упати еден директен удар и тоа од прекин, кој заврши во рацете на нашиот голман, Наум Ангелов. Момците на Кралевски беа далеку помотивирани и желни да го надиграат противникот. Тоа и се случи во првото полувреме, кога имавме голем посед на топка и конгтрола на играта. Во листата на стрелци се запишува и Никола Павлески, кој втрча од десната страна, доби употреблива топка, по што излезе сам со голманот на Шкендија, кој го лобува, по што топката заврши во мрежата, за веќе предност од 5:0.

5

Гостинската екипа делуваше безопасна, но и правеше грешки, а една таква на нивниот голман ги чинеше, негатива од 6:0. кога Георг Стојановски се најде на вистинското место, за својот втор гол денес. Тренерот Кралевски веднаш направи две измени, после овој погодок. Од игра излегоа Милошевски и Стојановски, а на нивно место во игра се Арбин Курти и Горазд Попов. Во првите 40 минути почесен гол постигна и Шкендија, која го намали резултатот на 6:1, што беше и актуелен на полувреме.

3

Како започнаа црвено-црните така и го продолжија второто полувреме, кога Давор Серафимов успева со глава да го постигне својот прв гол, а седми на овој дуел за Вардар, кој зголемува на 7:1. Веднаш после тоа на нашиот состав му беше поништен гол поради офсајд позиција. Нашите млади надежи не помислија да се повлечат, напротив продолжија со офанзивната игра, која им донесе и нов гол, овој пат дело на нововлезениот Арбин Курти, кој го зголеми резултатот на 8:1. Нови измени кај Вардар во второто полувреме.

4

Од игра излегоа Павлески, Стоимов, Ангелов Серафимов и Каровски, додека на теренот се Стефан Стојановски, Левент Ибраим, Исмет Хајдари, Горазд Гигов и Ѓорѓи Дошев.Немаше опасности по нашиот гол, а Вардар умешно го одработуваше остатокот од натпреварот. Шкендија имаше можност за втор гол, но нивниот играч беше прекраток во својот обид да го загрози Гигов. Со гол натпреварот го затвори Арбин Курти, кој погодува втор пат денес, по асистенција на Гуџуфи, за конечен резултат од 9:1.

Ова беше 14 победа од исто толку одиграни натпревари за оваа вардарова генерација, која сигурно чекори кон освојување на шампионската титула.