Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Кај момците победа на Балтепе во генер.2004/05 и реми на мечот Бисинов-Балтепе во генер.2002/03 во натпреварите од Јуниот лигата
Кај момците победа на Балтепе во генер.2004/05 и реми на мечот Бисинов-Балтепе во генер.2002/03 во натпреварите од Јуниот лигата

Кај момците победа на Балтепе во генер.2004/05 и реми на мечот Бисинов-Балтепе во генер.2002/03 во натпреварите од Јуниот лигата

Денес во салата Кале се одиграа новото коло во ракометната вардарова Јуниор лига, истата покрај во Скопје паралелно се игра и во Кавадарци. Во едниствениот дуел во генерација родени 2002/2003 година се сретнаа екипите на РК Бисинов Вардар од Велес  и РК Балтепе Вардар од Тетово, тие ги поделија бодовите по еден одличен дуел, истито заврши 19-19 (12-9).

j1ешани на почетокот стартуваа фуриозно и со четири гола се одлепија на стартот на високи 4-0. Тетовчани намалија на 4-1, односно три негатива. Постојано се играше гол за гол во текот на целиот прв дел. Двата тима до крајот постигнаа по осум гола во противничката мрежа за резултат 12-9. Тетовчани имаа прилика по истекот на времето со удар од девет метри да намалат, сепак топката заврши во т.н. “жив ѕид“ и со тој резултат на семафорот во Кале се замина на одмор.

j4

Во единствената средба кај генерација 2004/05 момчиња тимот на РК Балтепе Вардар од Тетово триумфираше во средбата со тимот на РК Делчево Вардар со резултат 25-30 (11-12). Први со погодок дуелот го отворија делчевци потоа тимот од Тетово изедначи на 1-1. Постојано во текот на првиот дел резултатот се изедначуваше беше: 1-1, 2-2, 3-3…10-10. Потоа тимот на РК Балтепе Вардар со два гола се одлепи на 10-12, но момците на Горан Велков намалија за на пауза да идат со минимална негатива од 11-12.

j5

Вториот дел  тетовчани го почнаа фуриозно, тие направија серија 1-5 со која се одлепи на “плус пет“, 12-17 по 6.минути игра на овој дуел. Тие во продолжение играа умно игра гол за гол, бранејќи ја предноста од “плус пет“. На крајот и успеаа во својата намера. тие триумфираа баш со пет погодоци. РК Балтепе Вардар забележа триумф со резултат 25-30 во нивна корст на овој натпревар, кај нив Ангел Богоевски беше прв стрелец со шест гола. Во тимот на РК Делчево двајца момци имаа по пет гола, Димитровски и Теориевски.

j6