Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Три победи и еден пораз за вардаровите генерации во дуелите со Македонија Ѓ.П, во рамките на 18 коло
Три победи и еден пораз за вардаровите генерации во дуелите со Македонија Ѓ.П, во рамките на 18 коло

Три победи и еден пораз за вардаровите генерации во дуелите со Македонија Ѓ.П, во рамките на 18 коло

Изминатиов викенд се одигра 18 коло во првенството на младинските фудбалски категории. Противник на вардаровите генерации им беше екипата на Македонија Ѓ.П, дуели на кој забележавме три победи и еден пораз.

Помладите пионери ја продолжија серијата на победи и на гостувањето во Ѓорче, терен на кој триумфираа убедливо со резултат 0:8 во дуелот против врсниците од Македонија Ѓ.П. Ова беше вкупно 17 победа за избраниците на Сашо Тодоровски, дури 16 последователна за оваа генерација на Вардар. Можеби е рано да ги прогласиме за шампиони, но прашање е дали некој и може да ја порази оваа генерација до крајот на сезоната, со оглед на имресивната игра и победите кои се изразени со висок резултат, во дуелите со противниците. И до ова коло тие веќе срушија многу рекорди, само останува прашањето до каде можат да стигнат на крајот од оваа натпреварувачка сезона.

Таков не е случајот со пионерите, кои го претрпеа првиот пораз во пролетниот дел од сезоната. Избраниците на Петар Ѓорѓиевски втор пат сезонава се поразени од екипата на Македонија Ѓ.П во првенството, што е спротивно на мечевите од националниот куп, каде Вардар има исто толку победи. Поразот од 4:0 на гостувањето кај Македонија Ѓ.П беше четврти оваа сезона за пионерите на Вардар, кои имаат уште и седум нерешени резултати и седум победи, што моментално ги става во позиција да се борат најмногу до третата позиција на табелата, во оваа возрасна категорија.

Важни бодови во борбата за титулата освоија кадетите на Вардар, кои успеа да го добијат дербито против тимот на Македонија Ѓ.П. Мечот на кој бевме домаќини на теренот на Академијата го добивме со резултат 2:1, а еден од најзаслужните за освојување на трите бодови е голманот Бојан Тимевски. Ова беше трета последователна победа за кадетите во пролетниот дел од сезоната и вкупно 12 победа оваа сезона, која ги става во израмнета борба со екипата на Шкендија, за титулата во оваа генерација. Екипата од Тетово има само три бодови предност пред црвено-црните, па очигледно е дека до крајот ќе гледаме интересни мечеви на овие екипи за освојување на трофејот во првенството.

Втора последователна победа и за младинците на Вардар, во пролетниот дел на сезоната, откако и тие славеа на домашен терен во дуелот со Ѓорче. Тоа беше десетти триумф за црвено-црните, кои имаат уште и четири нерешени резултати и четири порази. Вардар има голема негатива зад екипата на Шкендија, но останува до крајот на сезоната спортски да се надеваме дека можеме да го нападнеме противникот за титулата, со оглед дека оваа сезона ќе има и трет круг на натпреварување, а со тоа и повеќе мечеви за играње.