Екипата на Митјиланд која е противник на Вардар во четврфиналето на ЛШ, имаше лоша увертира пред дуелот со нашиот шампион, во рамките на првиот четвртфинален меч кој на програмата е во текот на утрешниот ден. Втор последователен пораз во само неколку дена доживеа тимот на Митјиланд и повторно на домашен терен, овој пат од екипата на Оденсе.
Иако имаа предност од 6:3, која ја направија после серија од четири последователни голови екипата на Оденсе набргу успеа да се врати во натпреварот и да направи целосен резултатски пресврт, кога поведе со 7:9. Водството го задржаа до крајот на првите 30 минути, кога на одмор имаа минимална предност од 9:10. Во првите пет минути од вториот дел, гостинската екипа се одлепи на четири голови разлика (11:15), која ја одржуваа до крајот на натпреварот. Оваа позитива ја имаа уште во три наврати и на крајот забележаа и поубедлива победа со резултат 21:27.
Натпреварот Митјиланд- Вардар се игра утре со почеток од 19:00 часот, со директен пренос на МРТ-1.